Македонија падна на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од едно место на септемвриската листа на ФИФА.

Нашата најдобра фудбалска селекција со 311 бодови се најде на 104-тото место, што е за една позиција послабо во однос на претходното рангирање.

Најдобро рангирана селекција од нашата квалификациска група за пласман на ЕП 2016 е Шпанија која е на 11-то место, следува лидерот во групата и селекција која обезбеди пласман на континенталниот собир, а тоа е Словачка која е 15-та, Украина е 29-та, Белорусија е 97-ма, а Луксембург, на кој му гостуваме на 5-ти септември, се наоѓа на 141-то место на ФИФА листата.

fifa-lista-500

Најдобро рангирана е Аргентина, следуваат Белгија и Германија, четврта е Колумбија,  Бразил е на петото место, а десетката ја заокружуваат Португалија, Романија, Чиле, Велс и Англија.

 

 

Оцени ја веста

03.09.2015 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега