ФОТО: Хаос во Гевгелија: Тепачка за место во возот за Србија

Мигранти од Блискиот Исток се степале денес на железничката станица во Гевгелија за време на качувањето во возот на линија Гевгелија - Табановце, кој оди до српската граница.

По доцнењето на возот кој требал да тргне уште во 10 часот, толпа мигранти, повеќе од илјада, се бореле за место во возот и во таа прилика полесно се повредени повеќе лица.

Со викање, буткање,, удирање и закани со стапови и ножеви, најбрзите и најсилните успеале да се качат, а најлошо поминаа оние со мали деца.

Возот сеуште не тргнал, бидејќи се чека железничарите од граничната полиција да симнат дел од нив поради безбедноста на возот.

Во метежот е скршен и еден прозорец на возот. Возењето од Гевгелија до Табановце чини 600 денари по лице.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

14.08.2015 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега