Наталија ВИП трансица од Тетово влегува во куќата на “Големиот брат”

Најпознатата трансџендерка во Македонија, Андреа Јовановиќ, на јавноста позната како Наталија ВИП трансица вчера го посети Белград, каде што се оддржа финалниот кастинг за кандидатите кои од 3-ти септември ќе се преселат во најпознатата куќа на балканот, куќата на Големиот брат.
Во конкуренција со Наталија беше и порно актерот од Куманово, Гоце Гиновски, во порно индустријата познат како Карло Бос.

10996074_926869264029865_322051024442001775_n

Според сеуште неофицијални информации, од шестте поминати кандидати во Македонија, во Белград поминале само три, од кои едниот ќе влезе на самиот старт, а останатите двајца накнадно ќе бидат вклучени во игра. Се шпекулира дека Андреа т.е Наталија ВИП трансица е една од поминатите кандидати, која прва, уште на самиот старт ќе влезе и ќе биде единствената претставничка од Македонија во најгледаното реално шоу на балканот.

Наталија има 43 години и живее во Тетово. Според досегашните излагања, таа очигледно има голем проблем во Македонија, кога е нејзината животна одлука во прашање, поточно, трансформацијата од маж во жена. Таа има 2 деца кои веќе 5 години наназад не може да ги види. За тоа ги обвинува државните институции со кои секојдневно има судски процеси. Наталија се пријави за учество во Големиот брат поради потребата да им докаже на луѓето дека да се биде Трансродова личност не е ништо невообичаено и поинакво од останатите луѓе на светот.

 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 20:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега