Унгарија планира кампања против миграција во транзитните земји

Унгарската влада планира да ја прошири својата антиимиграциска кампања кон земји како Грција, Македонија и Србија, низ кои транзитно поминале над 120.000 имигранти, што годинава влегле во Унгарија.

Министерот Јанош Лазар денеска изјави дека владата сака да ги убеди имигрантите дека не вреди доаѓањето во Унгарија, бидејќи земјата гради ограда долж границата со Србија, како и дека вовела построги правила за миграција од 1 август. 

Поголем дел од мигрантите што влегуваат во Унгарија, како крајна цел ги имаат побогатите држави во ЕУ, како Германија или Шведска. 

 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега