Исплатени 302 милиони денари субвенции за земјоделците

 

Министерството за финансии денеска исплати 302 милиони денари субвенции на 8.103 земјоделци за поддршка на повеќе мерки во земјоделството.

Како што соопшти Министерството за финансии, за поледелски и житни култури исплатени се 104,2 милиони денари на 2.739 земјоделци. На 1.978 лозари исплатени се 58,8 милиони денари за продадено грозје. Исто така, за одржување на постоечки лозови насади исплатени се 54,8 милиони денари на 1.154 лица. На 2.232 сточари денеска им се исплатени 84,2 милиони денари за кравјо млеко.

- Со исплатата на субвенциите во земјоделството Владата на Република Македонија и Министерството за финансии остануваат посветени на поддршката на овој носечки сектор за македонската економија, стои во соопштението.

најчитано сега