Крсте Блажески: И Голак може да биде Банско и Кочани Терме Олимие, но потребни се инвестиции


Политичката криза во Македонија сериозно се одрази на туристичката сезона. Претстедателот на здружението на хотелиери, ХОТАМ, Хрсте Блажески во интервју за Прес24, вели дека поради случувањата изминатиов период оваа туристичка сезона не може да се вбројува во успешни сезони. Според него успешна сезоа е кога гостите ќе бидат задоволни од секој апсект

- Со оглед на збиднувањата во изминатите месеци оваа сезона не можеме да ја вброиме во успешните сезони, вели во интервјуто за Прес24, Блажески.

Тој потенцира дека Македонија има извонредни услови за туризам  кои можат да им се продадат на странците, но неопходно е многу повеќе инвестиции и промоција на туризмот.

- Мислам дека се повеќе треба да се инвестира во "Дестинејшн Менаџмент". Професионална компаниа која се бави со промоција и менаџирање на одредена дестинациа.  Како ХОТАМ почнуваме да работиме на ваков проект кој треба да ни даде одсликување на реалноста, вели за Прес 24, Блажески потенцирајќи дека одредени делови во државата, пред се планиски центри,  имаат одлични услови за развој на туризмот, но им недостасува организациона поставеност. Од инфраструктура до урбанистички планови.

- Сите спомнати немаат детални урбанистички планови. Понатаму немаат инфраструктура. Пречистителни станици и.т.н. Има предиспозиции нема инвеститори. Зошто нема инвеститори ????   За 10 години во околните земји на Македонија има изградено над 5,000,000 легла. Колку има во Македониа?, вели претседателот на ХОТАМ, во интервјуто за Прес24.

ПРЕС24: Со оглед на тоа дека сме во екот на туристичката сезона, какви се првичните оценки. Дали може да се зборува за успешна сезона?

БЛАЖЕСКИ: Со оглед на збиднувањата во изминатите месеци оваа сезона не можеме да ја вброиме во успешните сезони. 

ПРЕС24: Како се дефинира една туристичка сезона за успешна?

БЛАЖЕСКИ: Кога гостите ќе бидат задоволни од секој аспект. Кога во сезона Мај-Октомври  хотелиерите ќе извадат повеќе од 70% окупираност на собите. Кога финансиските резултати  на крај на годината ќе покажат позитива.

ПРЕС24: Покрај Охрид, кој важеше за неприкосновен туристички центар во летниот период, изминативе две години се интензивира летниот туризам и во Струга, а особено во Дорјан. Можеме ли да констатираме дека Охрид го губи приматот на летен туристички центар?

БЛАЖЕСКИ: Тоа може да го покажат резултатите на крај на годината. Минатата година Скопје имаше повеќе ноќевања од сите останати дестинации. Но, не можам да се сложам дека Охрид може да го изгуби приматот на летен туристички центар. Сепак  најголемите збиднувања се случуваат во Охрид. Охрид е бисер на Македонија и ќе остане така за идните генерации.

ПРЕС24: Ве прашаувам затоа што со години Охрид повеќе има белег на викенд дестинација. Која е причината за тоа?

БЛАЖЕСКИ: Точно е тоа, но затоа има други виновници. Охрид е премногу изграден со станбени згради, а премалку хотели.  Околните земји имаат преголеми растови во последните 15-тина години. Многу нови објекти и капацитети. Сето ова допринесува за случувањата.

ПРЕС24: Многумина забележуваат дека високите цени се главната причина, па честопати се прават споредби дека со парите кои би ги потрошило едно семејство за летување во Охрид за десет дена би заминале на одмор на море?

БЛАЖЕСКИ: Не се согласувам . Цените се коректни и сите хотели нудат некои специалности и попусти. Не е ништо поевтино во Хрватска, Црна Гора, Грција, Турција и Бугарија во хотелски, а и во приватен смештај.

Приватен смештај почнува од некои 5 евра и хотелски од 15 евра.   Доручек ручек и вечера плус.

Кога така ќе споредиме ќе видиме дека Охрид воопшто не е скап. Да спомнеме дека има и неколку кампови каде може да се летува за поевтино.

ПРЕС24: Каде Македонците најмногу сакаат да летуваат?

БЛАЖЕСКИ: Воглавном 90% од случаите е цената.

ПРЕС24: Каква е моменталната состојба, кои туристи се побројни во летните центри, домашните или странските?   

БЛАЖЕСКИ: Во хотелите странските, во приватниот смештај мислам дека се домашните.

ПРЕС24: Ако се погледне сликата на трита летни езерски центри ќе се види дека освен во Дорјан, каде веќе неколку години се организира оној музички фестивал, целокупната останата понуда е речиси класична-идентична. Моето прашање е дали не мислите дека можеби е добро Македонија да инвестира во некои вид на посебни таргерт групи за привлекување на странски туристи?

БЛАЖЕСКИ: Да! Мислам дека се повеќе треба да се инвестира во "Дестинејшн Менаџмент". Професионална компаниа која се бави со промоција и менаџирање на одредена дестинациа.  Како ХОТАМ почнуваме да работиме на ваков проект кој треба да ни даде одсликување на реалноста.

ПРЕС24: Изминативе години владата реализираше серија кампањи со цел подобрување на сликата за македонската гостопимливост. Тие особено се однесуваа на апартманските сместувања и угостителските услуги. Дали денеска Македонија е подобар домаќин?

БЛАЖЕСКИ: Секако дека треба да се прават кампањи кои за крај треба да придонесат во тие области. Но, реалноста во оваа област е нешто друго. Пазарот го прави своето. За на крај да сте профитабилни  треба трошоците да се помали од приходите. Ако направиме анализа на сите давачки на угостителските објекти ќе видиме дека таа разлика, меѓу трошоците и приходите е се помала.

Ако имавме контрола при изградба на станбени објекти немаше да се појават секакви издавачи на нив, исто така  и  угостителските објекти треба да се контролирани. Колку на број ресторани треба да има еден туристички град и каде треба да се поставени. Ќе спомнам дека и школите не ни се на високо ниво.

ПРЕС24: Она што реално е проблем се апартманските капацитети што се нудат за сместување. Меѓу професионалноста, за жал има и многу импровизација. Како да се постигне ред во тој дел.

БЛАЖЕСКИ: Да се направи закон за категоризациа и сите што издаваат да добијат дозвола за тоа. Да плаќаат туристичка такса и секоја година да обновуваат дозвола за таа дејност.

ПРЕС24: Последните неколку години засилено се инвестира и во хотелските капацитети. Дали во Македонија има недостаток од хотелско сметсување, ако се земе предвид дека ноќевање, особено во Скопје е чини колку на пример ноќевање во Париз?

БЛАЖЕСКИ: Побарувачката ги диктира цените. Не треба да се споредуваме со никој. А за капацитетите зборува ГДП од областа туризам. Помалку од 2%. Ќе бидам среќен кога ќе зборуваме за 7 до 10% . Само накратко :

Бургас и Сончев Брег - 500,000 легла. Банско - 25,000 легла, Охрид – Струга 4,000 хотелски и многу неконтролирани приватени сместувања . Но заедно помалку од 15,000.  Македонија за следни 10 години треба да поседува 200,000 легла.

ПРЕС24: Проектот Скопје 2014 меѓу другото имаше за цел и да го зголеми бројот на странски туристи. Некои статистички параметри покажуваат константен пораст на странски посети. Кои се Вашите констататции, дали од денешна дистанца овој проект има влијане во привлекувањето туристи од странство?

БЛАЖЕСКИ: Туризмот е интересна работа. Денес и бункерите на Енвер Хоџа се туристичка атракција. Но, да се задржиме на проектот Скопје 2014. Капацитетите во Скопје за последниве 10 години се дуплирани. Сите мали хотели се градат во Скопје.  Соодветно со истото се создадени услови за изградба на нови хотели. Тоа допринесува за бројката на ноќевања направена во Скопје да ја надмине онаа од Охрид.

Значи: Ако создадеме услови за изградба на нови хотели и во Охрид и на сите други туристички места, може да го зголемат број на ноќевања. Истото треба да се случува во цела Македонија.

ПРЕС24: Многупати се најавуваше национална стратегија за развој на туризмот, но некако работите во овој сектор повеќе како да функционират по инереција. На пример, Македониија е идеална и за развој на зимски, планински, манастирски туризам. Од сето тоа на терен, освен парцијални проекти, нема ништо како крупна понуда. Зошто на премер Кожув, Голак, Осогово... не можат да бидат Банско?

БЛАЖЕСКИ: Затоа што сите спомнати немаат детални урбанистички планови. Понатаму немаат инфраструктура. Пречистителни станици и.т.н. Има предиспозиции нема инвеститори. Зошто нема инвеститори ????   За 10 години во околните земји на Македонија има изградено над 5,000,000 легла. Колку има во Македониа?

ПРЕС24: Или на пример регионот на кочанско каде ја има една од најтоплите терманлни води, да не биде Терме Олимие?

БЛАЖЕСКИ: Терма Олимпе има над 1,000 легла. Зошто да не и Кочани? Инфраструктура чистота прикаска.. итн

ПРЕС24: Ако се земе предвид дека успешен туризам се дефинира како ланец од неколку параметери, од понуда, промоција, сместување, инфаструктура, патишта, пристап... која од оваа алка во тој ланец во Македонија е најслабата алка?

 

БЛАЖЕСКИ: Инфрастуктурата..

 

 

Оцени ја веста

26.07.2015 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега