После пеколот подгответе се за дожд

Претпладне преовладуваше сончево, а во западните делови имаше мала до умерена облачност.

Во раните попладневни часови најпрво во планинските подрачја, а потоа и на повеќе места во западна Македонија (Охрид, Струга, Пелагонија, Крушево, Кичево, Тетово) беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Подоцна изолирана нестабилност имаше и во централните и источните делови. Во местата со врнежи температурите опаднаа за 6 до 8 степени,информираат од УХМР.

И до крајот на денот се уште има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови времето ќе се стабилизира и врнежите ќе престанат. Во текот на ноќта ќе преовладува малку до умерено облачно и претежно тивко време.

Сончево и топло со мала до умерена облачностне очекува утре. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен северен ветер, кој ќе придонесе температурите во северните делови да бидат малку пониски. Утринската температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а дневната од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.

 

 

Оцени ја веста

25.07.2015 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега