Спасил 2 милиони животи- ова е најхуманиот човек на светот

Џејмс Харисон, или човекот со златна рака, донирајќи крв има спасено животи на 2 милиони бебиња во Австралија.

Џејмс, кој сега има 78 години, речиси секоја недела во претходните 60 години донирал крвна плазма од десната рака.

Неговата хуманост започнала откако на 14 години имал тешка операција на градниот кош. Тогаш тој изгубил доста крв, а непознат човек донирајќи, му го спасил животот. Тогаш Џејмс ветил дека ќе стане донатор на крв.

На Харисон во 1960 година во крвта му се откриени необични антитела, а тие се користеле за развој на Анти-Д, што се користи за превенција, кај бремените жени со резус-негативна крв, да се рзвие RhD антителата за време на бременоста.

Благодарение на него, тој и Анти-Д, до сега спасиле 2 милиони бебиња.

 

 

Оцени ја веста

09.06.2015 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега