Во Кардиолошкиот завод Охрид направена 10.000-та интервенција на срце

Во реномираната болница ЈЗО Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – “Свети Стефан” извршена е 10.000-та интервенција, од воведувањето на интервентната кардиологија во Охрид во 2006 година, јавува Охрид1.

Стручната екипа на Заводот 10 илјадитата интервенција ја извршила врз 60 годишен пациент кој имал акутен миокарден инфаркт на 3 јуни.

-Стентирана е десната коронарна артерија. Пациентот сеуште е во нашата болница, стабилен е и се чувствува добро. Тој и понатака ќе продолжи со рехабилитација кај нас,информираат од Заводот за кардиоваскуларни заболувања – Свети Стефан – Охрид.

Центарот за интервентна кардиологија е отворен на 21.06.2006 година, ден кога се направија првите две интервенции од страна на Др. Никола Бакрачески кој е и идеен творец на овој оддел во болницата и ударна движечка сила во создавањето, опстојувањето но и развојот на итервентната кардиологија во охридското ”Кардиолошко” , болница која од тогаш па се до денес ужива највисок углед и неприкосновено реноме како во самиот град Охрид, така и во државата и надвор од неа.

Во тоа време, пред девет години центарот во Охрид беше единствена оспособена болница во која се решаваа акутни миокардни инфаркти надвор од главниот град Скопје со што Охрид и неговото здравство беа пред сите останати градови во државава.

За разлика од Охрид , дури од пред две години ваков центар се отвори во Битола, а пред една година во Штип , Тетово и Струмица.

Центарот почетоците ги имаше само со еден едуциран и обучен интервентен Кардиолог – Др. Никола Бакрачески кој со оваа болница раководеше цели седум години.

Денес центарот брои четири самостојни интервентни кардиолози и други тројца млади доктори кои се комплетно обучени за дијагностички процедури и се во фаза на осамостојување за интервентни процедури

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега