Ти нема да се сеќаваш, сине- писмо кое го допре срцето на секоја мајка

Џесика Димас е писателка по професија. Писмото кое го напиша за својот син, ќе го допре срцето на секоја мајка...

Ти нема да се сеќаваш сине на онаа ноќ кога лежев сама во болницата во најстрашните, а воедно и најпрекрасните болки, кога гледав во месечината и тивко шепотев “Ние го можеме ова”.

Ти нема да се сеќаваш на тоа како ме погледна, само неколку секунди откако дојде на овој свет, како ни на мене кога те привлеков до своето срце и ти шепнав “Здраво душо”.

Ти нема да се сеќаваш како го излечи мојот скршен дух, како со волшебно стапче. Како го залечи моето срце. Како го исполни мојот живот. Бев толку многу изгубена пред да дојдеш ти, а ти повторно ме состави.

Ти нема да се сеќаваш како гордо те носев секаде каде што одевме. Мене секогаш ми беше најубав дечко во просторијата. Секогаш и секаде.

Ти нема да се сеќаваш колку многу се смеев на твоите бебешки глупости. За ништо друго на светот не сум се смеела така. Уште кога беше бебе, видов колку прекрасно срце имаш.

Ти нема да се сеќаваш како ти ја чешлав косата и како ти ја тргав од челото. Тогаш ме гледаше со твоите убави очиња, а нашите души се допираа и си кажуваа нешта кои со зборови не можат да се искажат.

Ти нема да се сеќаваш на бескрајното скокоткање кое ти го сакаше најмногу и како после играта го прекривав твоето лице со бакнежи.

Ти нема да се сеќаваш на сите оние ноќи кога одев на спиење и чувствував бескраен страв заради тоа што сум мајка. Дали сум доволно добра? Дали нешто погрешив? Дали сум во состојба да ти бидам достојна мајка, каква што ти е потребна, каква што заслужуваш?

Ти нема да се сеќаваш како ми трепереше срцето секогаш кога требаше да поминеш некоја фаза. Никогаш не сум сонувала дека човек толку може да се радува на туѓата среќа.

Остатокот од текстот прочитајте го на најголемиот семеен портал во Македонија,Рингераја.мк

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега