Отчет на градоначалникот на Чашка за сработеното

Градоначалникот на општина Чашка Горанчо Пановски денеска информира за сработеното во изминатата 2014 година во повеќе области.
 
Тој информира дека изминатата година се асфалтирани 12 км на локалниот пат Манастир Мокрени - Теовски Уши, кој ги поврзува селата Габровник, Ораов Дол и Мокрени, дека во населеното место Извор е изграден нов базен за вода, а, како што рече, е реконструиран и водоводниот систем, и поставен е нов асфалт во должина од 4.300 метри на потегот на регионалниот пат П526 до село Мелница.
 
- Ги подобривме условите во воспитно – образовниот процес во сите три училишта во општина Чашка, во ООУ„Тодор Јанев“ ООУ „Петре Поп Арсов“ и ООУ „Лирија“, а комплетно е направен повеќе наменски спортски терен во село Мелница и нов спортски терен во село Ореше, информира Пановски.
 
Потенцира дека за децата се изградени нови детски забавни катчиња во населбите Чашка, Оморани и Мелница, како и нови детски паркови во село Лисиче и село Оморани.
 
Тој потсети дека општина Чашка е првата општина во која успешно функционира дисперзирана канцеларија на Ценарот за социјална работа од Велес, а дека Чашка успешно функционира и нова дисперзирана канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието.
 
Со финансиска помош од македонската Влада, рече тој, е реновирана  и осовремена Болницата за белодробни заболувања во Јасеново, која, како што потенцира, прерасна во Клиника по примерот на европските клиники.
 
- Се трудиме да го подигнеме квалитетот на животот, да создадеме поволни услови за развивање на бизнис клима која ќе овозможи зголемување на вработеноста. Воедно со тоа и Општина Чашка ќе ја претвориме во пријатно и атрактивно место на живеење, потенцира Пановски.
 
Тој информира дека во тек е јавен повик за избор на најповолен изведувач за проектот „Изградба на систем за собирање, одведување и пречистување на фекални отпадни води“ за село Лисиче финансиран од Министерството за транспорт и врски и Европската инвестициона банка. 
 
- Во тек е и проект за подобрување за подобрување на водоснабдувањето во село Горно Јаболчиште, со кој ќе се реши проблемот за водоснабдување на село Горно и на Долно Јаболчиште, рече Пановски.
 
Информира и дека се обезбедени 3 милиони денари од Светската банка за реконструкција на дел од патот за село Горно Врановци.
 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега