Животната драма на ѕвездата на „Икс-Фактор"
Триесетгодишната Милица Дејановиќ од Ниш го фасцинирала жирито на Х Фактор со својата изведба на Listen, но позади неа се крие голема животна драма на убавата Србинка.
Пораснав со мајка ми и брат ми кои се најважен дел во мојот живот. Мајка ми и татко ми, кој е од Сирија, се запознале додека тој студирал во Ниш и се разделиле неколку години после моето раѓање. Тој се вратил во Сирија, поради што изгубивме контакт со него, рекла натпреварувачката на Х Фактор.
Милица сака да ја посети Сирија за го пронајде својот татко.
Планирам да ја посетам Сирија и да ја запознаам нивната култура во наредниот период. Со оглед на тоа дека животот е непредвидлив, кој знае, можеби на тој пат ќе ги сретнам своите роднини, рекла Милица.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа