Емотивно: Пејачката која се бори со ракот и прати порака на Карлеуша

Српската пејачка  Јелена Карлеуша во едно интервју од неодамна и даде поддршка на својата колешка Дона Арес, која со месеци води тешка борба против ракот.

- Би сакала да ја поздравам хероината Дона Арес. Дури кога човек нема избор сфаќа колку е силен. И давам целосна поддршка, љубов и вера. Сигурна сум дека кога и јас би била на нејзино место исто така дека би ја нашла таа сила која ја има за да се борам и да се изборам. Сигурна сум дека се ќе биде во ред, поради тоа што жена како што е таа, не може, а да не се избори и да излезе од секоја битка како победник, кажа Јелена.

Босанската пејачка  реши да се огласи по оваа нејзина изјава на социјалната мрежа Фејсбук, па истакна дека веќе подолго време сака да каже нешто.

- Бидејќи ме спомна во медиумите, морам да кажам дека одамна сакам да и се заблагодарам. Таа е жена со големо срце, најголема лавица на естрадата, што и да мислат за неа, ја сакале или не, ова е жената која на самиот почеток додека бев изгубена и „полу жива“ најмногу ме охрабри со нејзините пораки. Ми даде огромна волја за борба и живот и ми зборуваше со таква жестина во која се препознав себе и ми ги отвори очите. Ти благодарам… беше прекинувачот за одлуката да го победам ова зло. Јелена царице, на тебе и твоето семејство ви посакувам се најдобро и сета среќа на светот ти ја посакувам од срце, напишала во емотивната порака

 

 

Оцени ја веста

23.03.2015 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега