„Поздрави ми ги пријателите, веќе нема да се видиме“ - 26 годишно момче се фрли под воз поради невозвратена љубов

„Поздрави ми ги сите другари – веќе нема да се гледаме“. Ова биле последните зборови на 26 годишниот Слаѓан Поповиќ од Смедерево, Србија упатени до неговиот пријател пред да се фрли под воз. Вистинска трагедија пренесуваат српските медиуми откако завчера во селото Липа, 26 годишното момче си го одзема животот.
Причина за самоубиството била невозвратена љубов и тоа од постара жена која била мажена.

Пријателите на Слаѓан за српските медиуми велат дека тој подолг период се забавувал со мажената жена. 26 годишниот месар на неа ја потрошил целата своја заштеда која му била наменета за да отвори месара. Неговата мајка и најблиските долг период  инсистирале тој да се откаже од жената. Обид за самоубиство направил и пред 20 дена кога малку фалело да пука во себе со пиштол за усмртување на свињи.

Завчера вечерта бил во локалното кафуле каде жената му соопштила дека не сака да ја продолжи врската со него. Тој се поздравил со другарите за последен пат и се фрлил по воз. Неговото тело е пронајдено утрото од неговите соседи

 

 

 

 

Оцени ја веста

23.03.2015 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега