Каратистите од Кавадарци освоија 16 златни медали во Црна Гора

 

Каратистите од клубот „Урбан инвест“ од Кавадарци освоија 16 златни, осум сребрени и четири бронзени медали на меѓународниот натпревар „Плевља опен 2015” во Црна Гора.

- На натпреварот учествуваа 664 натпреварувачи од Македонија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Словенија, Србија и Босна, изјави тренерот Ивана Аврамова.

Таа најави дека ќе продолжат со понатамошните активности во клубот кои имаат за цел промоција на овој спорт.

 

 

Оцени ја веста

22.03.2015 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега