Надал елиминиран од Раониќ на турнирот во Индијана Велс

Канаѓанецот со црногорско потекло Милош Раониќ ноќеска го совлада шпанскиот тенисер Рафаел Надал со 2:1 во сетови и се пласира во полуфиналето на турнирот во Индијана Велс, САД.

Надал го доби првиот сет со 6:4, во вториот сет по голема борба славеше Раониќ во тај-брејк со 12:10, а во решавачкиот трет сет беше 7:5 за канадскиот тенисер. натпреварот траеше три час.

Ова воедно беше прв успех за Раониќ во шестиот дуел со Надал.

Противник на Раониќ во полуфиналето ќе биде Роџер Федерер (Швајцарија). Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Новак Ѓоковиќ (Србија) и Енди Мареј (Велика Британија).

 

 

Оцени ја веста

21.03.2015 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа