ФОТО: Тер Штеген го одбрани пеналот на Агуеро благодарејќи на Маскерано

Барселона втора година по ред го елиминира Манчестер Сити во осминафиналето од ЛШ, овој пат со вкупни 3:1, со победи на домашен и гостински терен.

Шанса нешто да смени, да ја врати неизвесноста на синоќешниот меч имаше Кун Агуеро, кој на 12.минути пред крајот не успеа да погоди од белата точка откако неговиот удар го одграни Тер Штеген.

Германецот ја прочита неговата намера, се фрли на својата десна страна и ја изби топката во корнер. Подоцна беше откриено дека голманот на Барселона имаше голема помош од неговиот соиграч Маскерано.

Маскерано го „издаде“ својот сонародник и соиграч од репрезентацијата, односно му покажа на голманот Тер Штеген каде ќе шутира Агуеро. Неверојатно!

 

 

Оцени ја веста

19.03.2015 - 18:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега