Попоски се сретна со Ердоган и се обрати во Дирекцијата на Турците во странство

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во рамки на официјалната посета на Турција беше примен од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и имаше обраќање во Дирекцијата на Турците во странство.

Во обраќањето, соопшти МНР, Попоски истакна дека пријателството меѓу двете земји се потврдува преку интензивните билатерални односи, но истовремено и преку личниот контакт на граѓаните на двете земји и нивниот интерес за негување на традициите, меѓусебно запознавање и соработка. Во тој контекст, ги спомена контактите и иницијативите на македонското иселеништво во Турција и турската заедница во Македонија, кои претставуваат цврст мост за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

На настанот присуствуваа официјални претставници на Република Турција, дипломатскиот кор, претставници на студенти од Република Македонија кои студираат во Република Турција, претставници на здруженија на македонски иселеници, турски бизнисмени и организации кои соработуваат со Република Македонија.

 

 

Оцени ја веста

13.03.2015 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега