Иницијативата „Слобода за Дедо Љубе“ презентирана пред Вељаноски

Актерот Тони Михајловски, аналитичарот Александар Пандов и новинарот Миленко Неделковски денеска до претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, ги пренесоа нивните барања во случајот за Дедо Љубе.

Иницијативата, како што нагласи актерот Тони Михајловски е борба над борбите што во моментот тие како иницијатори ја водат, со цел што поголем број граѓани да се вклучат и да дадат позддршка, за да имаат институциите причина да ги исполнат нивните барања за ослободување на Дедо Љубе.

- Она што денеска сакавме да му го пренесеме на претседателот на Собранието е нашата иницијатива која се одвива под мотото „Слобода за Дедо Љубе“. Тој случај мора да оди во судска процедура, тоа е нешто што мора формално-правно да се испочитува. Му ги пренесовме поздравите на претседателот Вељаноски, тој ја набљудува ситуацијата, сите се надеваме дека разврската ќе биде позитивна. Засега се чека крајниот исход од судскиот процес, истакна Михајловски.

Вељаноски, како што посочи новинарот Неделковски, посочил дека голем дел од пратениците како и тој самиот имале многу јавувања од граѓани од Р.Македонија кои се интересирале што ќе биде со судбината на Дедо Љубе.

- Во тој правец, практично, кажа дека сите имаат исклучително големо разбирање за тој човек којшто се борел за својот гол живот и дека во рамките на нивните надлежности и ингеренции ќе направат колку што е максимално можно човекот да излезе од целата оваа своја голгота неповреден, рече Неделковски.

Аналитичарот Пандов потенцираше дека сите очекуваат позитивен исход за Дедо Љубе, и дека голем број на граѓани се приклучени кон иницијативата за ослободување на Дедо Љубе.

- Без разлика на верска, национална и партиска припадност сите се на страната на дедо Љубе за негово ослободување, но додека постапката е во обвинителство, Собранието нема ингеренции да направи било што, но ако дојде до тоа резултатот да биде негативен за Дедо Љубе, во таква ситуација втората истанца е претседателот на државата, но како истанца има правен механизам и самото Собрание да реагира, посочи Пандов.

Крајна цел на иницијативата е ослободување на дедо Љубе и доколку е можно промена на Законот за поседување на огнено оружје во случај на самоодбрана.

Инаку, дедо Љубе од село Којково, треба да одговара за убиство, поради тоа што пред две години им се спротивстави на двајца разбојници, кои го измачувале него и неговата немоќна сопруга.

 

 

Оцени ја веста

13.03.2015 - 16:07
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега