Истекоа 360 литри радиоактивна вода од нуклеарката „Фукушима“

 

Од јапонската нуклеарна централа „Фукушима“, која не работи од земјотресот и ударот на цунамито во март 2011 година, истекоа најмалку 360 литри радиоактивна вода.

Iнцидентот се случил денеска околу три часот по локално време (20 часот синоќа по средноевропско време), кога од системот за прочистување на водата што се користи за разладување на реакторите и на базените со нуклеарно гориво, почнала да истекува радиоктивната вода.

Комапнијата тврди дека инцидентот не предизвикал зголемување на нивото на радијација околу нуклеарката.

ФОТО: Превентус.мк

најчитано сега