Откриена тајна стара 2000 години: Ова е формулата на римскиот бетон

 

По повеќе од 2000 години конечно е откриена тајната на римскиот бетон кој е поцврст од сите кои ги имаме денес. 

За древните Римјани е познато дека освен што биле прагматични, биле и врвни градители, а нивните градби, патишта и храмови сеуште се држат и покрај сите непогоди кои се случуваат.

Сега конечно е откриена тајната зошто е тоа така. Имено, цементот кој денес се употребува не може да се мери со римскиот цемент. Тој е цврст и може да се спротивстави на сите елементарни непогоди. 

Тајната на римскиот бетон лежи во едноставна формула. Римјаните го правеле мешајќи вар и вулканска каменчиња.  Тие користеле вар и вулканска пепел за да добијат цврст камен.

најчитано сега