Бекам направи хаос во Кина - повредени пет лица

 

Англиската фудбалска легенда Дејвид Бекам, вчера беше принуден да ја откаже посетата на Универзитетот во Шангај бидејќи неговите фанови излегоа на улиците и предизвикаа вистинско стампедо за да се поздрават со фудбалската легенда.

Посетата била планирана како дел од еднонеделната турнеја на Бекам, кој е прогласен за фудбалски амбасадор во најнаселената земја на светот.

Само неколку минути откако излегол од возилото, студентите и обожавателите на популарниот Англичанец се впуштиле кон него во обид да добијат автограм или да се фотографираат.

„За малку ќе загинев, сакав да се сликам со Бекам. Се обидов да се оддалечам, меѓутоа не можев од турканицата, во еден момент останав без воздух“, изјави една студентка.

Инаку,  двајца вработени во обезбедувањето, како и два члена на универзитетскиот персонал и еден студент, заработиле повреди и се хоспитализирани во големата турканица.

најчитано сега