Пендаровски ги пушти низ вода Заев и Шекеринска

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски вечерва намерно или не ги пушти низ вода лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговата заменичка, Радмила Шекеринска.

Имено, Пендаровски во својот говор на трибината која се одржува во Универзалната сала, рече дека потребни се луѓе без хипотеки, кои немаат никаков криминал.

-Нас ни требаат луѓе само со име и презиме, луѓе без хипотеки кои немале никаков криминал, професионални, стручни луѓе кои можат да ја водат државата напред, рече Пендаровски.

Додека Пендаровски говори за луѓе без криминал, очигледно заборава дека токму првиот човек на СДСМ, Зоран Заев беше осуден за тежок криминал вреден 8 милиони евра, а потоа аболициран од Бранко Црвенковски.

На 17 ју­ли 2008 го­ди­на, Заев беше уапсен заедно со уште пет­ми­на со­ра­бот­ни­ци по­ра­ди зло­у­по­тре­ба на служ­бе­на­та по­лож­ба во вр­ска со из­град­ба­та на тр­гов­ски­от цен­тар „Гло­бал“ во Стру­ми­ца, по што следеа протестите пред судот на опозициониот СДСМ.

Тогашното раководство на СДСМ, меѓу кој во првите редови беше и сегашната заменичка на Заев, Радмила Шекеринска организираше протести по приведувањето на Заев. Тогаш тие тврдеа дека нема било каква неправилност на градбата поради која се терети Заев,  туку се работи за политички мотивиран случај.

Откако Заев беше соочен со доказите на обвинителството, слу­ча­јот за­вр­ши со або­ли­ци­ја­ потпи­ша­на од стра­на на то­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел Бран­ко Цр­вен­ков­ски. Притворот и целата постапка беше прекината по одлуката на Црвенковски за аболиција. Одлуката беше највена кон јули 2008-та година, а формално беше донесена на втори август. Зоран Заев и петмината негови соработници избегнаа да се соочат со законот. 

Стево Пендаровски очигледно вечерва ги пушти низ вода Заев и Шекеринска, бидејќи тоа не се луѓе за какви што говори Пендаровски, “без хипотеки кои немале никаков криминал“.

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега