Бебињата воопшто не примиле вакцина - ќе се испитува од што починале

Двете новороденчиња за кои во медиумите беше објавено дека постои можност да починале по прием на вакцина Дитепер воопшто не биле вакцинирани со неа. За ова денеска информира Јованка Костовска, претседател на Комисија за заразни болести. Таа истакнува дека формирана е комисија која ќе изврши контрола кај матичниот лекар, кај тимовите за вакцинација и секаде каде што биле лекувани овие деца или биле примени пред да им биде констатирана смрт. Се чекаат резултатите од обдукцијата кои треба да покажат од што настапила смртта.

Инаку, едното од бебињата било на двемесечна возраст, а другото имало еден месец. Едното е од Студеничани, а другото од Шутка.

Дитепер вакцина се дава, како што појасни Кокстовска, дури по наполнети три месеци.

 

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега