Македонија топ тема во грчките медиуми

Информациите дека грчкото Министерство за надворешни работи ја разгледува можноста за почнување преговори со македонските власти за усвојување мерки за градење доверба со цел да се отстрани иредентизмот од политичката агенда на Скопје, предизвика сензација, пишува денеска „Катимерини“.

Според весникот, идејата не е едноставна и според дипломатски извори, за неа се дискутира веќе подолго време, а во позадина е иницијатива на официјален Берлин. Грчката страна прифатила таква дебата и за таа цел ќе формира комитет на високо ниво.

„Според истите извори, Атина има добиено уверување од Скопје дека ја прифаќа дебатата и оти тие се обврзале дека нема да стават на маса други прашања (на пример, прашањето за малцинствата) и поради тоа постои позитивен одзив од Алексис Ципрас и Никос Коѕиас“, тврди „Катимерини“.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 12:18
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега