Национална конференција за родова еднаквост

 

„Родово еднакво општество: состојба и предизвици“ е темата на Националната конференција која ќе се одржи денеска во Скопје како завршен настан на проектот „Совет за родова еднаквост“ финансиран од Европската унија.

Целта на конференцијата е да се оцени степенот на родовата еднаквост во земјата. Таа ќе овозможи дискусија меѓу сите релевантни засегнати страни за клучните теми како што се влијанието на жените во политиката, родовиот јаз во економијата и ефикасноста на воспоставените механизми за родова рамноправност во земјата.

На конференцијата ќе се разговара и за приоритетите на граѓанското општество и начините за постигнување на родово еднакво општество.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега