Прооден патот кон кавадаречкото село Рожден

Прооден е патот кон кавадаречкото село Рожден, кој вчера беше непрооден поради снежната покривка која изнесуваше триесетина сантиметри, информираа денеска од компанијата „Јами“, која кавадаречката локална самоуправа ја избра за зимско одржување на патиштата во општина Кавадарци.

- Интензивно работевме на терен се додека не го исчистивме снегот и сега сите патишта кон десетината села од Поткожувјето се проодни. Таму имавме и дополнителни врнежи од снег, но нашата механизација е на терен и редовно интервенира секаде каде што е потребно, истакна од компанијата.

Оттаму соопштија дека во најголем дел кон селата под планината Кожуф има снег од околу дваесетина сантиметри, но на некои места снежната покривка достигнува и до половина метар.

 

 

Оцени ја веста

08.03.2015 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега