Груевски и денеска со набиена агенда

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на општините Кичево и Пласница.

Како и вчера, така и денес, премиерот има богата агенда со настани.

Агендата за посета ги опфаќа следните настани:

-во 13:20 часот, присуство на пуштање во употреба на повеќенаменско игралиште во О.У. Кузман Јосифовски Питу, Кичево;

-во 13:45 часот, посета на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот Св. Климент Охридски и промоција на лабораторија за органска и неорганска хемија и биохемија, микробиолошка лабораторија, лабораторија за анализа на храна;

-во 14:25 часот, присуство на пуштање во употреба на спортска сала во Пласница.

 

 

Оцени ја веста

08.03.2015 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега