Дождот не престанува, Македонија мрзне - ова се моменталните температури

Времето во земјава утрово е Облачно со повремен локален снег, а во крајниот југоисточен дел врежите се претежно од дожд освен во Демир Капија каде има  врнежи од снег. Дува слаб ветер од северен правец.

Најниска температура од -7 е измерена во Маврово, -5 во Лазарополе и Крушево, -4 во Берово и Пожар, -3 во Ѓуриште и Пожаране, -2 во Крива Паланка, Струмица  и Тополчани, -1 во Прилеп и Претор,  0 во Скопје, Охрид, Тетово, Виница, Куманово, Штип, Демир Капија и Битола, 2 во Дојран и 3  во  Гевгелија.

Врнежи најмногу имало во Демир Капија 21 литар на метар квадратен, 10 Пожар, 9 Пожаране, 7 Гевгелија, Струмица и Маврово, 6 Дојран, Битола, Крушево и Пожар,  5 Ѓуриште,  4 Скопје и 2 Виница, Прилеп, Штип, Берово, Тополчани и Куманово.

Снежната покривка е најголема во Маврово118 сантиметри, 59 во Пожаране, 40 во Лазарополе, 35 Ѓуриште, 32 Крушево, 29 Пожар, 22 Крива Паланка, 15 Битола, 10 Тетово, 6 Берово, 2 Скопје, Демир Капија и 1 Прилеп.

 

 

Оцени ја веста

08.03.2015 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега