Протекоа во јавност пораките поради кои водителот ја претепа Ана Марија

Водителот на Пинк Влада Станојевиќ пред месец дена ја удри својата сопруга Ана Марија Жујовиќ поради приказната дека го изневерува. Фитнес инструкторката потоа ја објави фотографијата на своето модро лице на Фејсбук и така почна приказната.

Таа најпрво не сакаше да го пријави инцидентот во полиција, но по советот на пријателите, тоа сепак го стори. Влада во меѓувреме се извинуваше, се лутеше…

Неодамна во јавноста протече информацијата дека Ана била трудна во тие мигови, но дека го загубила бебето. Најновите тврдења на медиумите велат дека се почнало поради овие пораки помеѓу Ана Марија и нејзиниот тренер.

Преписката гласела:

Тренерот: Хахахаха ако така сакаш може и брзо, јас се контролирам врвно и ти тоа го знаеш…

Ана Марија: Јас не сакам да се контролираш. Вака не знам дали ти е убаво или не… Дали ти се допаѓа или не… Не можам да протолкувам…

Тренерот: Хахаха мнооооогу ја сакам твојата искреност, немој тоа никогаш да го загубиш. Па ни јас тебе, така што ситуацијата е слична…

Ана Марија: Можеби тоа е она што ситуацијава ја чини уште поинтересна.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега