Монструм од Прилеп си го претепал синот со метална шипка
64-годишниот монструм С.С. од Прилеп заработи кривична пријава поради семејно насилство.
Тој во својата семејна куќа лоцирана на улицата „Пенка Котеска“, во гаража поради претходна вербална расправија физички го нападнал неговиот 39-годишен син В.С. удирајќи го со метална шипка по телото.
39-годишниот прилепчанец се здобил со видливи повреди во пределот на ногата.