Македонија го одбележува Светскиот ден за безбедност и здравје при работа

 

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) денеска ќе го одбележи 28 Април - Светскиот ден за безбедност и здравје при работа и ќе го презентира Годишниот извештај за случени несреќи и повреди на работните места во 2024-та.

Како и во минатите години, во парк во Аеродром, ќе бидат засадени дрвца  во спомен на загинатите работници на работните места. 

Светскиот ден за безбедност и здравје при работа е востановен од  Меѓународната организација на трудот  за да ја промовира превенцијата од несреќи, повреди и професионални болести на глобално ниво.

-Станува збор за кампањи за подигање на свеста наменета да се фокусира меѓународното внимание на новите трендови во областа на безбедноста и здравјето при работа. Темата на кампањата на МОТ за 2025 година е „Нова ера во здравјето и безбеноста: Улогата на вештачката интелигенција и дигитализацијата на работното место“, информира МЗЗПР. 

28.04.2025 - 08:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега