Скопјанка падна во рацете на полицијата, ќе лежи две години затвор

 

Денеска во 07:30 часот во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Ѓорче Петров ја лишија од слобода Т.П.(46) од Скопје.

Таа била барана по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Таа е задржана во полициска станица и ќе биде спроведена во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.
12.09.2025 - 14:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега