Унгарскиот кардинал Петер Ердо е меѓу фаворитите за нов Папа според обложувалниците
Папата Франциск вчера беше погребан во Ватикан, Конклавата која треба да избере негов наследник треба да се состане на почетокот на мај, а обложувалниците веќе излегуваат со фаворити. Еден од нив е надбискупот од Будимпешта, Петер Ердо. Моментно има 252-ца кардинали од кои 135 со право на глас, бидејќи само помладите од 80 години можат да гласаат.
Ердо, според анализата на Радио Слободна Европа, би можел да добие две третини од гласови колку што се потребни за избор на наследник на Франциск. Има блескаво кардинално си-ви, а неговите шанси се дотолку поголеми ако се има предвид фактот дека европските кардинали и натаму го даваат најголемиот блок на гласови. Важи за конзервативец, течно говори ииталијански и латински јазик, признат експерт е за канонско право, а прагматизмот е смета за негов најголем адут, се споменува во анализата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа