Загина 16-годишно момче во Чаир: Со мотор удрил во електричен тротинет управуван од тинејџер

 

Тинејџер на 16-годишна возраст загина со мотор синоќа во Чаир откако се судрил со електричен тротинет кој го управувало 14-годишно момче.Трагедијата се случила на улицата „Цветан Димов“ во Чаир.

-Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 14-годишникот се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, велат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршиле екипа на полицијата и јавен обвинтиел, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

27.04.2025 - 11:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега