Сообраќајка во Охрид: Австралиска државјанка тешко повредена по удар од автомобил

 


Вчера во 14.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Абас Емин“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.В.(49) од с.Долно Лакочереј, охридско, удрило во Л.Ш.(65) од Австралија, со престој во Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ш., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

26.06.2025 - 15:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега