Познатата македонска фолкерка ќе роди девојче

Македонската фолкерка Сузана Гавазова повторно ќе роди девојче. Пејачката која кон крајот на минатата година објави дека повторно е во блажена состојба деновиве дознала дека нејзината куќа ќе биде побогата со уште едно мало девојче.

Како што пишува Вечер, Гавазова е пресреќна што по втор пат ќе стане мајка.

-Пресреќна сум што за неколку месеци Емили ќе добие сестричка. Но тоа што посакував уште едно девојче не значи дека не сакам и машко, се надевам дека тоа ќе биде следниот пат бидејќи планирам уште деца, вели Сузана.

Па, нека и е живо и здраво.

 

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега