КАКО НЕ ТРУЈАТ СО АДИТИВИ! - Колачи полни со хемикалии, сокови кои предизвикуваат алергија, а топлите сендвичи рак!

Државата ја штити прехрамбената и другите видови на индустрии, но не и потрошувачите. Но, затоа научниците треба да зборуваат и да ги освестат конзументите да ги читаат декларациите, односно да предупредуваат кои адитиви и состојки, можат да бидат штетни за здравјето.

„Ледениот ветер“ е колач кои го обожаваат децата, а постарите велат дека е лесен, и во споредба со другите тешки слатки, некои го ставаат на листата на здравата храна. Состојките се јајца, шеќер, малку јаболчен сок, брашно, млеко, ванила, масло, рано овошје и крем.

Барем на прв поглед така би требало да изгледа. Често се продава во нашите слаткарници, а потрошувачите веројатно мислат дека конзумираат природен колач кој е домашно направен, со горе наведените состојки. Но, фотографиите на нашите читатели, со декларации од колачот од една далматинска слаткара го покажува другиот состав, пишува Слободна Далмација.

Па така во своето тело го внесувате и ова: Е471, Е472,Е322,Е401,Е101,Е160а, арома, брашно, мрснотија, па потоа и по малку адитиви: Е420ii, Е436,Е435, и Е340. И потоа на ред доаѓа белката од јајце, целото јајце, повеќе овошје... Потоа ви служат колач со 11 бројки.

Како да го проверите поединечно секое „Е“ и да ја утврдите неговата потенцијална штетност?

Група на хрватски експерти од подрачјето на медицинска биохемија, медицина, хемија, фармација, основале своја клиника со Е-бројки“. Така на веб страната (е-brojevi.udd.hr) ставиле свои сознанија за адитивите кои се користат во исхраната.

Зависно од влијанието на човековото здравје, Е-броевите се означени со различни бои: адитиви означени со црвена боја, секако треба да ги избегнувате. Тие означени со жолта, не би требало често да ги користите. Додека оние означени со зелена не го загрозуваат човечкото здравје.

И сега да се вратиме на нашиот колач. Дел од Е-броевеите од „ледениот ветер“, се наоѓаат во категоријата на зелени, така што се безопасни, но три Е-броја се во категоријата на жолти, меѓу кои и 436 полиоксиетилен (20)-сорбитан-тристеарат (полисорбат65), а за кој се вели дека во организмот може да ја зголеми ресорпцијата на штетните работи. Иако се смета за безопасно, честата конзумација, велат нашите експерти, не е препорачлива.

Така, во нашиот колач, се наоѓа и еден црвен “Е“ за кој експертите велат дека треа да се избегнува и тоа Е340. За него меѓуостанатото, го пишува ова „Калијеви фосати“. Преголемото количество на конзумација на фосфат може да ја измести ресорпцијата на другите минерали. Честото конзумирање не е препорачливо. Избегнувајте го!“, стои во предупредувањето на тој адитив од “ледениот ветер“.

Важно е да се истакне дека далматинските слаткари, како и прехрамбената индустрија не го кршат законот или некои друг прописи користејќи ги наведените адитиви во храната. На потрошувачите им преостанува да ја читаат декларацијата. Но, експертите сеедно предупредуваат дека има и добри и лоши адитиви.

Државата ја штити прехрамбената и другите видови индустрии, но не и потрошувачите. Но, затоа научниците треба да говорат и да ги освестат конзументите да ја читаат декларацијата, односно да предупредат кои адитиви и состојки можат да го загрозат човечкото здравје.

„Колачот од моите предци никогаш не би го јадела, ниту би го дала на домашните, има толку многу здрави и природни состојки кои можам да си ги направам самата и на моите блиски“, вели Анита Шупе, нитриционалист од Шибеник.

Да наведеме и дека не се сите адитиви штетни. Пример, куркумин, робофлавин, клорофил, каротени, ликопен, оцетна киселина, брашното, семенското оошје, пчелниот восок, и десетици други кој што секојдневно ги конзумираме во храната без страв.

Биологот и имунолог доктор Сречко Сладољев ја избегнува храната со поедини адитиви, но вели дека нешто го буни и му отежнува во разликувањето на адитивите.

Треба законски јасно да се оддели кои се Е-броевите безопасни, а кои претставуваат ризик, ако често се конзумираат. Потрошувачите тешко се снаоѓаат, нема тој да шета околу со хартија и да ги споредува Е-броевите“, вели Сладољев.

Откако го разјаснивме тоа, да се вратиме на нашите колачи и кои штетни адитиви се кријат во истите. Погледнавме етикети на стотина производи, а ги запрашавме и трговците што најмногу продаваат.

„Американска“ кујна

Салама, односно, трајни и полутрајни колбасици, готови пици, тостови, сувомеснати производи – сите овие артикли најчесто се наоѓаат на нашите трпези. Во последно време американската кујна најмногу се гледа по тоа што купуваме готови пици, ги ставаме во микробранова и вечерата за целата фамилија е подготвена.

Пицата која ја имаме во раце содржи натријев нитрит, кој според Клиниката за Е-броеви, е означена со црвена боја, па оттука би требало ваквите намирници да ги оставиме во целост. Содржи и дифосфат, а за нив се вели ова: Во големи концентрати може да се смеша со ресорпција на калциум, магнезиум и железо во организмот, па конзумацијата на големи количини (повеќе од 1,5 до 2,5 грама на ден) може да доведе до намалување на коскената маса, остеопороза и до таложење на калциумот во организмот. Честото конзумирање на е пропорачливо“.

Пицата е зачинета со арома дим. Тоа е популарна коска за супа која содржи глутаминска киселина, а за неа се вели: „Природен засилувач на вкусот и замена за сол (види Е621-Е625). Можно е да предизвика алергиска и псеудоалергиска реакција. Смее да се додаде на голем број на намирници, затоа што засега се смета дека е безопасна. Може да влијае на глутаминската киселина и/или нејзината сол во облик на прехрамбен адитив, а дека може да предизвика одредени болести засега сеуште не е истражено до крај, но сепак научната јавност е поделена околу мислењето за сигурноста на адитивот, па оттука се препорачува да се избегнува.

Освен тоа на декларацијата на коцката пошува „содржи и динатриев инозинат, динатриев гуанилат“. Замислете, таква коцка за супа од зеленчук содржи само 0,8% моркови, 0,7% целер, и 0,5 % праз! Оттука, 98% од состојките чинат од секој вид арома, конзерванси, засилувачи на вкус, стабилизатори, згуснувачи...

Учениците често јадат топли сендвичи. Во еден сплитски фаст фуд, ни рекоа дека во него ставаат тост шунка со висок квалитет.

Во проверката било утврдено дека шунката со „висок квалитет“ содржи 50% свинско месо, останатото е вода, скроб, влакна од зеленчук, малтодекстрин, и се разбира адитиви: Е407, арома на месо, Е450, Е451, Е316, Е621, Е250.

Па така нашите експерти за првата листа на адитиви од шунка, меѓу останатото, велат: Истражувањето на експрименталните животни покажала дека разградените продукти караген, кои настануваат под влијание на високи температури и киселини, предизвикуваат улцерација гастроинтестиналног тракт, кој може да доведе до канцерогени промени или да предизвика настанување на Хронова болест.

За другиот адитив, наведено е дека треба да се избегнува затоа што може да дојде до „намалување на коскената маса“, остеопороза, и до таложење на калциумот во организмот.

Во раце земавме и една од најпопуларните салами, а која повторно содржи натријев глутамат. Поедини наши експерти препорачуваат да се избегнува. Тука е и „Е250 натриев нитрит“, за кои нашите експерти велат дека тоа е „средство за конзервирање – често конзумирање не е препорачливо- избегнувајте го“.

Во овој траен производ се наоѓа и калиев нитрит, за кој научниците велат: „Во кисела средина (на пример желудникот) или при температура во висина од 130 степени (на пример при пржењето на храната) нитритите се преградуваат во нитрозилов катион кој има способност на нитрозација на секундарни и терцијарни амина, при што настанува канцерогени нитрозамини.

 

Витаминот Ц(Е300) како и останатите антиоксиданси, спречуваат настанок на канцерогени нитрозамини. Сите тие се нитрити проблематични адитиви. Во организмот сметаат при транспортот на кислород во крвта, затоа што пренесува хемоглобин во инактивен облик – метхемоглобин. Избегнувајте го!“, пишуваат меѓу останатото експертите од Слободна Далмација.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега