СЗО: Возрасните и децата мораат да го намалат количеството на шеќер кое го внесуваат

Возрасните и децата мораат да го намалат количеството на шеќер кое го внесуваат секојдневно и кој е скриен секаде, од соковите до доматниот сос и медот, со цел да се намали ризикот од дебелеење и проблеми со забите, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО издаде насоки според кои количеството на внесен шеќер треба да изнесува помалку од 10 отсто дневно внесување на калориите, околу 50 грама или 12 лажички за возрасните.

- Имаме силни докази дека одржувањето на внесувањето слободен шеќер на помалку од 10 отсто од вкупното внесување на калории го намалува ризикот од прекумерна тежина и проблеми со забите, потенцира доктор Франческо Бранка, директор на одделот на СЗО за исхрана.

Намалувањето на внесувањето шеќер под 5 отсто би било уште подобро решение, сметаат експертите.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега