Гарфилд го прославува 35. роденден

 

Денеска најмрзеливото маче на светот гарфилд го прославува својот 35-ти роденден.

Гарфилд за прв пат ја виде светлината на денот на 19 јуни 1978 година и веднаш стана омилен меѓу најмладите. Џим Дејвис тогаш го направи стрипот за него, а набргу беше направен и цртан.

Па, еве некои од лудите изјави на Гарфилд поради кои го сакаме:

-Јас не сум премногу дебел, пренизок сум!

-Никогаш не и верувај на мачка која се смее!

-Јадам премногу бидејќи сум во депресија, а во депресија сум бидејќи многу јадам. Тоа е затворен круг.

-Ако сакаш да изгледаш послабо дружи се се подебели луѓе.

-Гладен сум значи постојам!

Па, зарем не е доволно за сите да го сакаме најмрзеливото маче?!

најчитано сега