Од цела куќа остана само ловечки прибор - пожар го проголта домот на семејството Јанковски
Пожар вчераго проголта домот на 37-годишниот Влатко Јанковски и неговите родители од делчевското село Драмче. Според информациите на Делчеводенес.мк, од пожарот спасен единствено бил спасен дел од ловечкиот прибор на Влатко, а за сè друго веќе било доцна.
Сите пожарникари од делчевската противпожарна единица учествувале во скротуањето на пламените јазици и за среќа успеале да спречат да се прошири кон соседните куќи.