Шпанија и Франција се дават во вода
Четиристотини луѓе беа евакуирани од Североисточна Шпанија и Југозападна Франција заради поплави.
Ситуацијата во регионот се влоши откако неколку реки, меѓу кои и Гарона поплавија голем регион.
Сериозна е ситуацијата и во Каталонија каде властите зголемија степен на закана заради надојдени реки. Два национални и уште толку регионални патишта во североисточната шпанска автономна област се затворени и четири илјади домаќинства се без електрична енергија.