Парите од планот за спас на Грција завршиле кај банките и инвестоторите

 

Повеќе од три четвртини од средствата обезбедени од меѓународниот план за спас на Грција се потрошени за банките и богатите инвеститори, покажува истражувањето на меѓународното антиглобалистичко движење Атак, објави весникот „Катимерини“.

Од вкупно 207 милијарди евра обезбедени од странските кредитори за спасувачкиот пакет за Грција, 160 милијарди евра завршиле кај банките и инвестоторите.

- Политичката елита не се обидува да го спаси грчкиот народ, туку финансискиот сектор, изјави Лиса Митендрајн, претставничка на движењето.

најчитано сега