Мајката од Чешка која роди 5 деца добива смртни закани бидејќи е Ромка

 

Родителите на петорката која неодамна се роди во Чешка добија смртни закани. На мајката која на свет донесе пет дечиња и се закануваат дека ќе и го запалат станот кој ќе го добие откако ја роди петорката.

Вакви закани се појавија и на социјалните мрежи, само поради тоа што девојката е Ромка.

Инаку, младата мајка живее со своето синче и бебињата во еднособен стан, но општината и вети дека ќе и даде трособен стан по приновата. Сега, бидејќи девојката е Ромка и се закануваат и на неа и на семејството. 

- Не само девојката и семејството, се плашат и соседите од заканите кои ги добиваат, вели извор близок до девојката за порталот Lidovky.cz.

 

најчитано сега