Се збеснал, тепал минувачи и полицајци, скршил автомобил - кумановчанец полудел среде улица
22 годишниот В.А. од Куманово си заработил кривична пријава откако нападнал двајца сограѓани и еден полицаец.
Од полицијата информираат дека во саботата, на улицата „11-ти Октомври“ во Куманово, В.А. се збеснал, нападнал двајца сограѓани и со рака им го демолирал автомобилот. Поради повредите кои ги заработил додека го демолирал возилото, кумановчанецот бил пренесен во Ургентен центар за да му биде укажана лекарска помош. Полициски службеници пристигнале во болницата, но, кога се обиделе да го идентифужикуваат, В.А. повторно се збеснал и физички нападнал еден од полицајците.
В.А. освен кривична пријава, си заработил мерка притвор во траење од 30 дена.