Уапсен шефот на кабинетот на претседателот на БИХ

 

Јавното обвинителство на Босна и Херцеговина денеска го приведе и сослуша Винко Дриновац, шеф на Кабинетот на претседателот на Федерацијата БиХ, Живко Будимир.

Весникот „Глас Српске“ наведува дека Дриновац е уапсен во рамките на истрагата на аферата за примање поткуп за помилување на осуденици, во која се води истрага против Будимир и неговите соработници.

Дриновац потврдил дека бил сослушан од Обвинителството на БиХ, но без да објави повеќе детали за тоа.

- Не сум уапсен. Гледате дека немам лисици на рацете, кратко одговори Дриновац.

 

најчитано сега