Ердоган: Употребата на солзавец е природно право на полицијата

 

 

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган употребата на солзавец во демонстрациите во земјата ја оцени како природно право на полицијата во изјавата пред парламентарната група на својата Партија на правдата и развојот, пренесе турската приватна телевизија НТВ.

- Употребата на солзавец е најприродното право на полицијата. Што требаше да прават, да излезат и да пукаат со куршуми, да употребуваат оружје, запраша Ердоган.

-Не прашуваат дали сме ја разбрале пораката од паркот Гези. А тие ја разбраа ли пораката на стотиците илјади во Синџан (анкарски кварт каде во саботата се оддржа митинг за негова поддршка) и на над еден милион луѓе во Казлачешме?“, запраша турскиот премиер.

-Успешно го положивме испитот по демократија. Употребата на солзавец е најприродното право на полицијата, изјави Ердоган.

 

најчитано сега