Хуманитарна помош од општина Илинден за поплавените во Новаци

Над 15 тони храна, вода, средства за хигиена, тоалетна хартија, постелнини, ќебиња, облека и обувки е хуманитарната помош што жителите и бизнис заедницата на Општина Илинден ја обезбедија за жителите на настраданите подрачја од поплавите што ја зафатија нашата земја.

Во изминатите два дена Општина Илинден ја организираше хуманитарната акција „Да ја покажеме хуманоста на дело“ во која граѓаните, стопанските субјекти, месните заедници, спортските клубови, невладините здруженија, јавните општински претпријатија донираа средства за поплавените.

Собраната хуманитарна помош, како што соопшти општина Илинден, во соработка со компанијата „Дени Интернационал“, е транспортирана во Пелагонискиот регион, во општина Новаци.

 

 

Оцени ја веста

14.02.2015 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега