Цветков: Преговори со СБ за помош за поплавените подрачја

Дел од ИПАРД средствата најверојатно ќе бидат пренаменети за санирање на штетите од поплавите информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков,

Како што рече Цветков, веќе се преговара со Светска банка, како и со други меѓународни финансиски институции за обезбедување помош за чистење на каналите, браните и акумулациите. 

- На последната владина седница е донесена одлука за чистење на Црна Река  во должина од 48 километри. Ќе се вложат максимални напори за да им помогнеме на земјоделците, нагласи Цветков одговарајќи на новинарско прашање по денешното симболично закројување на лозовите насади на винарската визба „Тиквеш“ по повод празникот Свети Трифун

 

 

Оцени ја веста

14.02.2015 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега