Танцова претстава на ансамблот од Нанчанг Кина

Културниот ансамбл од Нанчанг, Кина, синоќа во Македонскиот народен театар, ја изведе музичко танцовата претстава „Среќна Кинеска Нова Година, неверојатен Нанчанг", како дел од одбележувањето на 30-годишнината од збратимувањето на градовите Скопје и Нанчанг. 

На претставата присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов градоначалникот Коце Трајановски, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, заменик-претседателот на Собранието на Република Македонија Антонио Милошоски, претставници на Владата на Македонија, претставници на дипломатскиот кор, претставници на регионалните и локалните власти од Кина, како и претставници од јавните претпријатија и културните институции.

- Реализацијата на настаните по повод кинеската Нова година претставува одлична можност за претставување и промоција на древната кинеска култура на граѓаните на Скопје кои првпат ќе имаат можност да ја запознаат на овој начин, преку организирањето на пролетниот фестивал којшто традиционално се одржува во сите градови во НР Кина. Убеден сум дека нашите пријатели од Нанчанг овие неколку дена ќе уживаат во убавините на Скопје и дека оттука ќе си заминат со позитивни впечатоци и желба повторно да дојдат, рече Трајановски.

Според заменик-претседавачот на Постојаниот комитет на Народниот конгрес на Нанчанг Жоу Шулинг, пријателство на двата града е се посилно.

- Во изминатите три децении, ја негуваме плодната соработка и размена во областа на економијата, културата, образованието и уметноста, особено за време на најтешкиот период на билатералните односи, Скопје и Нанчанг одржаа стабилно пријателство, рече Шулинг.

 Амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија, Зеншун Вен потенцираше одличната соработка на  Македонија и  Кина.

- Навистина ми е драго што претстојниот Кинески пролетен фестивал ќе го дочекам заедно со толку многу пријатели во Скопје. Тука посебно би сакал да ја изразам мојата благодарност до претседателот Иванов, што го минува овој прекрасен момент со нас, што силно ги изразува пријателските чувства спрема кинескиот народ од македонскиот, истакна Вен. 

 

 

Оцени ја веста

14.02.2015 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега